Surah Al-Ghashiya ( The Overwhelming )

Surah Al-Ghashiya ( The Overwhelming ) - Macedonian Aya count 26

1. Допре ли до тебе веста за Гашија?
2. Кога некои лица потиштени,
3. преморени и напатени
4. во огнот жесток ќе се пржат,
5. од изворот жежок ќе пијат,
6. и кога друга храна освен трње нема да има,
7. коешто нема да нахрани, а ни гладот нема да го отстрани.
8. Некои лица тој Ден ќе бидат радосни,
9. со трудот свој задоволни;
10. во Џенетот возвишен,
11. во кој нема да слушаат зборови празни.
12. Во него има извори кои течат,
15. и перници наредени,
16. и килими постелени.
17. Па зошто не ја погледнат камилата како е создадена,
18. и небото како е воздигнато,
19. и планините како се поставени,
20. и Земјата како е прострена?!
21. Ти опоменувај – твое е да опоменуваш,
23. А тој што главата од Вистината ја врти и не сака да верува,
24. него Аллах со најголема казна ќе го казни!
25. Нам, навистина, тие ќе ни се вратат,
26. и пред Нас, навистина, сметката ќе ја полагаат!
Share