Surah Al-A'la ( The Most High )

Surah Al-A'la ( The Most High ) - Macedonian Aya count 19

1. Слави го името на Господарот свој Севишен,
2. Кој сè создава и прави складно,
3. и Кој сè со мера одреди и упати,
4. и Кој прави пасиштата да растат,
5. а потоа прави да станат суви, потемнети.
6. Ние ќе те научиме да учиш, па ништо нема да заборавиш,
7. освен тоа што Аллах ќе сака – бидејќи, Тој го знае тоа што јавно го изнесувате и тоа што го криете –
8. и сè што е добро Ние тебе достапно ќе ти го направиме.
9. Затоа опоменувај – ако опомената веќе од корист ќе биде.
10. Ќе се одѕвие на опомената тој што се плаши од Аллах,
11. а ќе ја избегнува најлошиот,
13. па во него нема ниту да умре ниту да живее.
14. Ќе го постигне тоа што го сака тој што ќе се исчисти
15. и ќе го спомне името на Господарот свој, па намазот (молитвата) ќе го изврши!
16. Но, вие на животот од овој свет повеќе му давате предност,
17. а оној свет е подобар и вечен е.
18. Ова, навистина, го има во листовите дамнешни,
19. во листовите на Ибрахим и на Муса.
Share