Surah Al-Inshiqaq (The Splitting Asunder)

Surah Al-Inshiqaq (The Splitting Asunder) - Macedonian Aya count 25

1. Кога небото ќе се раскине,
2. и кога Господарот свој ќе го послуша – а тоа ќе биде должно за тоа –
3. и кога Земјата ќе се растегне,
4. и ќе го исфрли тоа што е во неа, и потполно ќе се испразни,
5. и ќе го послуша Господарот свој – а таа ќе биде должна за тоа –
6. ти, о, човеку, што многу се трудиш, трудот свој пред Господарот свој ќе го најдеш.
7. Оној кому книгата негова во неговата десна рака ќе му биде дадена
9. и кај своето семејство радосен ќе се врати.
10. А оној кому книгата негова од зад неговиот грб ќе му биде дадена
11. пропаста ќе ја повикува
12. и во огнот ќе гори,
13. бидејќи со семејството свое радосен беше
14. и мислеше дека никогаш нема да се врати –
15. а ќе се врати! Неговиот Господар за него, навистина, сè знае!
16. И се колнам во руменилото вечерно,
17. и во ноќта, и во тоа што таа со темнината го обвива,
18. и во полната Месечина,
19. вие, сигурно, на сè потешки и потешки прилики ќе наидувате!
20. Па што им е, зошто не сакаат да веруваат?!
21. И зошто, кога Куранот им се чита, на тло со лицето не паѓаат?!
22. Напротив, неверниците негираат,
23. а Аллах добро знае тие што кријат во себе,
24. затоа навести им неиздржливо страдање!
25. Но тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, непрекидна награда ќе ги чека.
Share