1. О, Веровеснику, зошто си го забрануваш себеси тоа што Аллах ти го дозволил, сакајќи го задоволството на своите сопруги? А Аллах многу простува и Милостив е.
3. Кога Веровесникот на една од своите сопруги една тајна ѝ довери, па таа ја издаде – а Аллах тоа нему му го откри – тој еден дел ѝ беше кажал, а останатото го премолчел. Па кога тој за тоа ја извести, таа праша: „Кој те извести за тоа?“ – тој рече: „Ме извести Сезнајниот, Кому ништо не Му е скриено.“
4. Ако вие две Му се покаете на Аллах, па вие го сторивте тоа за што требало да се покаете. А ако се здружите против него, па Аллах е негов заштитник, и Џибрил, и честитите верници; на крај, и сите мелеци ќе му бидат на помош.
5. Ако тој ве разведе, Господарот негов наместо вас ќе му даде подобри жени од вас; муслиманки, вернички, послушни на Аллах, покајници, кои се плашат од Аллах, кои постат, вдовици и девојки.
6. О, вие кои верувате, себеси и семејствата свои вардете ги од Огнот чиешто гориво луѓето и камењата ќе бидат, и за кој строги и силни мелеци ќе се грижат, коишто на тоа што Аллах ќе им го заповеда нема да бидат непослушни, и кои тоа што ќе им се нареди ќе го извршат.
8. О, вие кои верувате, покајте Му се на Аллах искрено, за Господарот ваш да премине преку вашите лоши постапки и во џенетските градини, низ кои реки течат, да ве воведе, на Денот во кој Аллах нема да го осрамоти Веровесникот и тие коишто заедно со него веруваа; светлото нивно ќе оди пред нив од нивната десна страна. „Господару наш“ – ќе велат тие – „направи го потполно светлото наше и прости ни, бидејќи Ти, навистина, можеш сè.“
9. О, Веровеснику, бори се против неверниците и лицемерите и биди строг спрема нив! Нивно престојувалиште ќе биде Џехенемот, а тоа е ужасно живеалиште!
10. Аллах ги наведува како поука за тие што не веруваат, жената на Нух и жената на Лут: беа мажени за двајца Наши честити робови, па ги измамија, и тие двајца нема да можат кај Аллах да им помогнат, и ќе се каже: „Влезете вие две во Огнот, со тие што влегуваат!“
11. А на тие што веруваат, Аллах како поука им ја наведува жената фараонова, кога рече: „Господару мој, изгради ми кај Себе куќа во Џенетот и спаси ме од фараонот и неговите постапки, и избави ме од неправедниот народ!“
12. И Мерјем, ќерката Имранова, која невиноста своја ја сочува, а Ние вдахнавме живот во неа, и таа во зборовите на Господарот свој и во книгите Негови веруваше и беше од тие што го поминуваат времето во молитва.