2. А на тие што веруваат и што прават добри дела и што веруваат во тоа што му се објавува на Мухамед – а тоа е Вистината од нивниот Господар – Тој преку нивните лоши постапки ќе мине и состојбите нивни ќе ги подобри,
3. затоа што неверниците ја следат невистината, а верниците ја следат Вистината од својот Господар. Така Аллах на луѓето им ги наведува нивните примери.
4. Кога со неверниците во борба ќе се сретнете, по вратовите удрете ги сè додека не ги ослабнете, и тогаш врзете ги, а потоа, или великодушно ослободете ги од заробеништво или барајте откупнина, сè додека не престане борбата. Така направете! Да сака Аллах, Тој сам ќе ги совлада, но Тој сака да ве искуша едните со помош на другите. Тој нема да ги поништи делата на тие што ќе загинат на Аллаховиот пат,
12. Тие што веруваат и што прават добри дела Аллах ќе ги воведе во Џенетските градини низ кои реки течат, а тие што не веруваат – што се насладуваат и ждерат како што ждерат животните – нивно престојувалиште ќе биде Огнот!
14. Зарем тој што има јасна претстава за Господарот свој е како тој на којшто неговите лоши дела му се чинат убави и кој по страстите свои се поведува?
15. Примерот за Џенетот, кој им е ветен на тие што се плашат од Аллах е: во него се реките од вода проточна и реки од млеко со непроменлив вкус, и реки од вино, пријатно за тие што ќе пијат, и реки од процеден мед, и има разновидно овошје и прошка од Господарот нивен – зарем тоа е исто со страдањето кое ги чека тие што во Огнот вечно ќе престојуваат, кои со зовриена вода ќе се појат, која цревата ќе им ги кине!
16. Има такви што доаѓаат да те слушаат, а штом ќе се оддалечат од тебе, ги прашуваат тие на коишто им е дадено знаење: „Што рече тој пред малку?“ Тоа се тие чиишто срца Аллах ги запечатил и кои по страстите свои се водат.
18. Зарем тие чекаат Крајот на светот ненадејно да им дојде, а веќе дошле предзнаците негови? А што ќе им користи нивната опомена кога тој ќе им дојде?
19. Знај дека нема друг бог освен Аллах! Барај прошка за своите гревови и за верниците и за верничките! Аллах знае каде се движите и каде престојувате.
20. А тие што веруваат велат: „Зошто не се објави едно поглавје?“ А кога ќе се објави јасно поглавје и во него ќе се спомне борбата, ќе можеш да ги видиш тие во чиишто срца има болест како те гледаат со поглед како пред смрт онесвестен! А подобра би им била
26. Тоа е затоа што им велеа на тие кои не го сакаат тоа што Аллах го објавува: „Ние во некои работи ќе ви се покоруваме.“ – а Аллах добро ги знае нивните тајни.
28. Така ќе биде затоа што го следеа тоа коешто го предизвикува Аллаховиот гнев, а тоа од коешто Тој е задоволен го презираа; Тој делата нивни ќе ги поништи.
30. А да сакаме, Ние навистина би ти ги покажале, а ти по белезите нивни сигурно би ги познал. Но, ти ќе ги познаеш по начинот на нивниот говор, а Аллах ги знае постапките ваши.
32. Тие што не веруваат и што одвраќаат од Аллаховиот пат, и што му се спротивставуваат на Пратеникот, откако им е пратено јасно Упатство, воопшто нема да му наштетат на Аллах и Тој делата нивни ќе им ги поништи.
38. Вие, ете, се повикувате дека трошите на Аллаховиот пат, но некои од вас се скржави, а кој е скржав на своја штета е скржав, бидејќи Аллах е богат, а вие сте сиромашни. А ако главите ги свртите, Тој со друг народ ќе ве замени, кој тогаш нема да биде какви што сте вие.