5. „Срцата наши“ – говорат тие – „се под прекривките, далеку од тоа кон што ти нè повикуваш, а ушите наши се глуви за тоа, а помеѓу нас и тебе има преграда, па ти работи, и ние ќе работиме.“
6. Кажи: „Јас сум само човек како и вие, мене само ми се објавува дека вашиот Бог е само еден Бог, затоа само кон Него искрено управете Му се и од Него прошка барајте! А тешко на тие што Нему рамни Му припишуваат,
9. Кажи: „Зарем вие навистина не сакате да верувате во Тој што ја создаде Земјата во два временски периода – и уште други за рамни Му припишувате? Тоа е Господарот на световите!“
10. Тој низ неа неподвижни планини создаде и благословена ја направи и производите нејзини на неа ги одреди, сето тоа во четири временски периоди – ова е објаснување за тие што прашуваат –
11. потоа кон небеските висини се насочи додека небото сè уште беше маглина, па нему и на Земјата им рече: „Појавете се, милум или силум!“ – „Се појавуваме со задоволство!“ – одговорија,
12. па во два временски периода, како седум небеса ги создаде, и одреди што ќе се наоѓа во секое небо. А најблиското небо со сјајни ѕвезди го украсивме и Ние над нив бдееме. Тоа е одредба на Силниот и Сезнајниот.
14. Кога од сите страни Пратениците нивни им доаѓаа: „Не обожувајте никого освен Аллах!“ – а тие одговараа: „Да сакаше Господарот наш, Тој мелеци ќе ни пратеше! Ние не веруваме во тоа што е пратено по вас.“
15. (Народот) Ад без никаква основа на Земјата се вообрази: „Кој е посилен од нас?“ – говореа. А зарем не знаеја дека Аллах, Кој ги создаде, е посилен од нив? – а и доказите Наши ги негираа.
16. И Ние против нив испративме, во последователните денови, леден ветер, за да им дадеме уште на овој свет да почувствуваат срамно страдање – страдањето на оној свет ќе биде, навистина, уште посрамно – и никој нема на помош да им дојде.
17. А и на (народот) Семуд на Вистинскиот пат му укажавме, но ним им беше помило слепилото од упатството, па го стигна срамно страдање од молња, според тоа што го заслужи,
21. „Зошто сведочите против нас?“ – тие ќе ги прашаат своите кожи. – „Аллах, Кој му даде способност за говор на секое суштество, нè обдари со дарот за говор и нас.“ – ќе одговорат. – „Тој првиот пат ве создаде и Нему, еве, Му се вративте.
22. Вие не се криевте за да не сведочат ушите ваши и очите ваши и кожите ваши против вас, туку затоа што мислевте дека Аллах нема да дознае за многу нешта што сте ги правеле.
25. Ние им одредивме лоши другари кои како убаво им го прикажуваа тоа што го сторија и тоа што ќе го сторат, и на нив им се овистини тоа што е кажано за народите, џините и луѓето кои пред нив беа и исчезнаа – навистина настрадаа.
30. На тие што велат: „Наш Господар е Аллах“, па потоа останат истрајни, им се симнуваат мелеци: „Не плашете се и не тагувајте, и радувајте се на Џенетот кој ви е ветен.
37. Меѓу доказите Негови се ноќта и денот, и Сонцето и Месечината. Не паѓајте со лицето на тло ниту на Сонцето ниту на Месечината, туку паѓајте со лицето на тло пред Аллах, Кој ги создаде, ако сакате само Него да Го обожувате.
39. А од доказите Негови е и тоа што гледаш сува земја, а кога на неа ќе спуштиме дожд, таа се придвижува и процветува. Тој што ѝ дава живот ќе ги оживее сигурно и мртвите, бидејќи Тој е способен за сè.
40. Тие што зборовите Наши ги извртуваат, навистина, нема од Нас да се сокријат. Па дали е подобар тој што во огнот ќе биде фрлен или тој што на Судниот ден ќе дојде сигурен? Правете што сакате, Тој, навистина, ве гледа што правите.
44. А да го објавевме Куранот на туѓ јазик, тие сигурно ќе кажеа: „Би требало ајетите да бидат разбирливи! Зарем јазикот да е туѓ, а тој на кого му се објавува е Арап?“ – Кажи: „Тој е упатство и лек за верниците. А тие што не сакаат да веруваат – и глуви и слепи се! Како да биваат повикувани од далечни места.
45. И на Муса му дадовме Книга, па поради неа се раздвоија. А да не е Зборот на Господарот твој претходно изречен, со нив веќе ќе беше завршено. Тие многу се сомневаат во Куранот.
47. Само Тој знае кога ќе настапи Крајот на светот. А ниту плодовите не излегуваат од своите цветни чашки и ниту една жена не забременува и не раѓа, а Тој тоа да не го знае. А на Денот кога Тој ќе ги праша: „Каде се тие што Ми ги припишувавте за рамни?“ – тие ќе одговорат: „Ти јавуваме дека никој од нас тоа не го тврди.“
50. Кога ќе го опсипеме со милоста Наша, по несреќата која го снашла, тој вели: „Ова го заслужив и јас не мислам дека Часот суден ќе дојде. А ако бидам вратен кај Господарот свој, кај Него ме чека Џенет.“ А Ние сигурно ќе ги известиме тие што не веруваа за тоа што го правеа и навистина ќе им дадеме да искусат тешко страдање.
52. Кажи: „Што мислите, ако Куранот е од Аллах, а вие во него не сакате да верувате – кој е тогаш во поголема заблуда од тој што е противречно далеку од вистината?“
53. Ние ќе им ги пружиме доказите Наши во пространствата вселенски, а и во нив самите, додека не им биде сосема јасно дека Куранот е вистина. А зарем не е доволно тоа што Господарот твој е Сведок за сè?