1. Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Чие е сето тоа на небесата и сето тоа на Земјата! Благодарноста Му припаѓа и на оној свет! Тој е Мудар и Сезнаен.
3. А неверниците велат: „Часот на оживувањето нема да ни дојде!“ Кажи: „Ќе дојде, се колнам во Господарот мој, Кој го знае и тоа што е скриено, сигурно ќе ви дојде.“ – Нему не може ништо, ниту колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата да Му избега, и не постои ништо, ни помало ни поголемо од тоа што не е во јасната Книга –
7. додека тие што не веруваат велат: „Сакате ли да ви го покажеме човекот кој ве известува дека, кога сосема ќе се распаднете, навистина, повторно создадени ќе бидете?
9. Како не ги гледаат небото и Земјата, тоа што е пред нив и тоа што е под нив?! Кога би сакале, во земја би ги втерале, или парчиња небо на нив би срушиле. Тоа е, навистина, поука за секој роб кој се кае.
12. А на Сулејман – ветрот (му го потчинивме), наутро преминуваше растојание од еден месец и навечер растојание од еден месец; и сторивме од изворите растопен бакар да му тече и џините, по волја на Неговиот Господар, пред него да работат; а кога некој од нив би откажал послушност на наредба Наша, ќе сторевме огнено страдање да почувствува.
13. Тие му изработуваа што и да посакаше; храмови и споменици, и садови како цистерни и котли неподвижни. „Работете и бидете благодарни, о Давудови чеда!“ – А малкумина се благодарни меѓу робовите Мои.
14. А кога одредивме да умре, црвот кој го беше изгризал стапот негов – ги предупреди дека умрел, и кога тој падна, џините сфатија дека не би биле во срамна мака доколку го знаеа гајбот (невидливото).[221]
15. Жителите на Саба имаа доказ во местото во коешто живееја: две градини, оддесно и одлево. „Јадете од снабдувањето на Господарот свој и бидете Му благодарни; ова е убав крај и ова е Господарот Кој многу простува!“
16. Но тие станаа неблагодарни, па на нив поплава пуштивме и им ги заменивме градините нивни со други градини со горчливи плодови и со тамариск и со малку див лотус.
18. А меѓу нив и градовите кои ги благословивме изградивме видливи населби и им ја одредивме потребната оддалеченост. „Патувајте низ нив, и ноќе и дење, безбедни!“[222]
19. Но тие рекоа: „Господару наш, направи го растојанието поголемо при патувањата наши!“ – и си сторија насилство кон себеси, и Ние сторивме само за нив да се раскажува, а нив ги раселивме. Во тоа навистина има знаци за секој стрплив и благодарен.
21. над кои никаква власт немаше; Ние сакавме да укажеме на тој што верува во оној свет, а кој во него се сомнева. – А Господарот твој е Заштитник на сè.
22. Кажи: „Викнете ги тие кои, покрај Аллах, за богови ги сметате. Тие ништо не поседуваат, ни колку една ронка, ни на небесата ни на Земјата; тие во нив немаат никаков удел и Тој нема од нив никаква помош.“
23. Кај Него ќе може да се зазема за некого само тој кому Тој ќе му допушти. И кога од срцата нивни стравот ќе исчезне, тие ќе запрашаат: „Што рече Господарот ваш?“ – „Вистината!“ – ќе одговорат, Тој е Возвишен и Голем.
31. А тие што не веруваат велат: „Ние нема да веруваме во овој Куран ниту во Книгите пред него!“ А кога само би видел кога силниците пред Господарот свој ќе бидат задржани и кога ќе почнат меѓусебно да разговараат: „Да не бевте вие, ние сигурно ќе бевме верници.“ – ќе им речат тие што беа угнетени на тие што беа вообразени.
32. „А зарем ние од упатството ве одвративме откако на него ви беше укажано? Не, самите си бевте злосторници.“ – ќе им речат вообразените на угнетените.
33. „Не беше така,“ – ќе им одговорат угнетуваните на вообразените – „туку дење и ноќе интриги подготвувавте кога од нас баравте да не веруваме во Аллах и други за еднакви да Му сметаме.“ И сите ќе ја прикријат тагата кога ќе ја видат казната, а Ние на вратовите на неверниците синџири ќе им ставиме; зарем ќе бидат казнети поинаку освен според тоа што го правеа?
34. Ние во ниту една населба опоменувач не пративме, а да не рекоа тие кои на раскошен живот беа навикнати: „Ние не веруваме во тоа што е испратено по вас!“
37. Ниту богатствата ваши, ниту децата ваши ќе ве направат блиски до Нас; само тие што ќе веруваат и што ќе прават добри дела ги очекува повеќекратна награда за тоа што го работеле, и тие во високите одаи ќе бидат безбедни.
39. Кажи: „Господарот мој дава обилно надоместување кому сака од робовите Свои, а кому сака ускратува; што и да дадете, Тој тоа ќе го надокнади, Тој најдобро снабдува.“
42. Тој Ден едни на други нема да можете ниту да си користите, ниту да си наштетите, а Ние на тие кои кон себе се огрешија ќе им кажеме: „Вкусете го страдањето во Огнот кој го негирате!“
43. Кога Нашите јасни ајети им се кажуваат, тие велат: „Овој човек само сака да ве одврати од тоа што вашите предци го обожуваа“, и говорат: „Ова не е ништо друго, туку измислена лага!“ А тие што не веруваат кога им доаѓа Вистината зборуваат: „Ова не е ништо друго туку јасна маѓија!“
45. А и тие пред нив Пратениците за лажни ги сметаа, а овие не постигнаа ни десетина од тоа што на тие им го дадовме, па сепак Пратениците Мои за лажни ги сметаа, и каква само беше казната Моја!
46. Кажи: „Јас ви советувам само едно: станете искрено кон Аллах, двајца по двајца, или еден по еден, па потоа размислете дека другарот ваш не е опседнат. Тој само ве опоменува пред тешкото страдање.“
50. Кажи: „Ако заталкам, ќе заталкам на своја штета, а ако сум на Вистинскиот пат, тоа е поради тоа што Господарот мој ми го објавува; Тој, навистина, сè слуша и блиску е.“
54. и помеѓу нив и тоа што ќе го сакаат ќе биде поставена препрека како што претходно беше направено со на нив сличните, бидејќи сите тие, навистина, многу се сомневаа.