7. На тие што веруваат и прават добри дела, сигурно, ќе прејдеме преку нивните лоши постапки, и за тоа што го правеле, навистина, со најубава награда ќе ги наградиме.
8. Ние секој човек го задолживме да биде добар кон родителите свои. Но, ако тие те наговараат Мене здруженик да Ми припишуваш, за кого ти ништо не знаеш, тогаш – не слушај ги! Мене ќе ми се вратите, па Јас ќе ве известам за тоа што го правевте.
10. Има луѓе кои велат: „Веруваме во Аллах!“ – а кога некој, поради Аллах, ќе биде ставен на мака, тој смета дека човечкото измачување е исто што и Аллаховата казна. А ако дојде победа од Господарот твој, тие сигурно ќе речат: „Бевме со вас!“ А зарем Аллах не знае што е во градите на сите?
17. Вие, покрај Аллах, киповите ги обожувате и лаги измислувате. Тие кои вие, покрај Аллах, ги обожувате не можат со никакво снабдување да ве снабдат; вие снабдувањето од Аллах барајте го и Него обожувајте Го и Нему бидете Му благодарни! – Нему ќе Му се вратите.
25. Тој рече: „Вие, покрај Аллах, киповите ги прифативте за во животот на овој свет меѓусебните пријателски односи да ги одржувате, а потоа, на Судниот ден, едни од други ќе се откажувате и едни со други ќе се проколнувате, Огнот вашето престојувалиште ќе биде, и никој на помош нема да ви дојде.“
27. И Ние Исхак и Јакуб му ги подаривме и на потомците нивни веровесништво и Книга им дадовме, а нему на овој свет наградата му ја дадовме, а на оној свет еден од добрите ќе биде.
29. имате односи со мажи, на патиштата пресретнувате и на собирите свои најодвратни работи правите“, одговорот на неговиот народ беше: „Направи Аллаховата казна да нè стигне, ако вистината ја говориш!“
31. И кога гласниците Наши, на Ибрахим радосна вест му донесоа, велејќи: „Ние ќе ги уништиме жителите на оној град, затоа што неговите жители се неверници!“
32. „Во него е Лут!“ – рече Ибрахим. „Ние добро знаеме кој е во него,“ – рекоа тие – „ние него и семејството негово ќе ги спасиме, освен жената негова. Таа ќе остане со тие што казната ќе ја искусат.“
33. И кога гласниците Наши му дојдоа на Лут, тој поради нив се растажи и се вознемири. „Не плаши се и не грижи се,“ – рекоа тие – „ние тебе и семејството твое ќе ве спасиме, освен жената твоја, таа ќе остане со тие што казната ќе ја искусат.
36. А во Медјен го испративме братот нивен Шуајб: „О, народе мој,“ – говореше тој, „Аллах обожувајте Го, и во оној свет надевајте се, и по Земјата никако неред не правете!“
38. А и Ад и Семуд – остатоците од домовите нивни ви се видливи – и шејтанот убави им ги прикажа постапките нивни, па иако беа разумни, од Вистинскиот пат ги одврати.
40. и сите, сходно гревовите нивни, ги казнивме: на некои ветер полн со песок испративме, а некои со страшен глас ги уништивме, некои в земја ги втеравме, а некои ги потопивме; Аллах не им стори неправда, самите себеси неправда си сторија.
45. Кажувај го од Книгата тоа што ти се објавува и извршувај го намазот (молитвата) – намазот навистина одвраќа од развратот и од сè што е лошо; а Аллаховото спомнување на вас е поголемо од вашето спомнување на Него! – А Аллах знае што правите!
46. И со следбениците на Книгата расправајте на најубав начин – не со тие меѓу нив кои се неправедни – и кажете: „Ние веруваме во тоа што ни се објавува нам и во тоа што ви е објавено вам, а нашиот Бог и вашиот Бог е еден и ние Нему сме Му предани!“
47. Како и ним, Ние тебе ти ја објавуваме Книгата, а некои од тие на кои што веќе сме им дале Книга – и во неа веруваат, а и некои од овие веруваат во неа, а доказите Наши само неверниците ги оспоруваат.
52. Кажи: „Аллах е доволен сведок и за мене и за вас, Тој знае сè што е на небесата и на Земјата. А тие што веруваат во невистината, а не веруваат во Аллах, тие се губитници.
53. Тие бараат од тебе што порано да ги стигне казната. А да не е одредениот рок за тоа, казната ќе им дојдеше, а ќе им дојде сигурно, ненадејно, тие нема да претчувствуваат.
58. Тие што ќе веруваат и што добри дела ќе прават, ќе ги сместиме во џенетските одаи, под нив реки течат, во нив вечно ќе живеат. Колку ќе биде прекрасна наградата на тие што се трудеа,
61. А да ги запрашаш: „Кој ги создаде небесата и Земјата и кој ги потчини Сонцето и Месечината?“ Сигурно ќе кажат: „Аллах!“ Па тогаш каде се одметнуваат?!
63. А, ако ги запрашаш: „Кој од небото спушта вода и со неа мртвата земја ја оживува?“ Сигурно ќе кажат: „Аллах!“ а ти кажи: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах!“, но повеќето од нив не сфаќаат.
67. Зарем не гледаат дека Храмот свет и сигурен сме го направиле, додека секаде околу нив се краде и ограбува? И зарем во лагата веруваат, а на Аллаховите благодети се неблагодарни?!
68. Има ли тогаш понеправеден од оној кој за Аллах измислува лаги или ја негира вистината која му доаѓа? И зарем на неверниците не им е местото во Џехенемот?