4. Фараонот во земјата се возгордеа, и жителите нејзини на групи ги подели; едните ги угнетуваше, машките деца им ги колеше, а женските во живот ги оставаше; тој навистина беше безредник.
7. И Ние ја вдахнавме мајката на Муса: „Дој го, а кога ќе се исплашиш за неговиот живот, пушти го в река, и не плаши се и не тагувај, Ние навистина ќе ти го вратиме, и Пратеник ќе го направиме.
9. И жената на фараонот рече: „Тој ќе ни биде радост и мене и тебе! Не го убивајте, можеби од корист ќе ни биде, а можеме и да го посиниме“. – а тие ништо не претчувствуваа.
12. А Ние веќе му ги бевме забраниле доилките, па таа рече: „Сакате ли да ви го покажам семејството кое за него ќе се грижи и кое добро ќе му посакува?“
15. И тој влезе во градот, незабележан од жителите негови, и во нив сретна двајца луѓе кои се тепаат, едниот му припаѓаше на неговиот, а другиот на непријателскиот народ, па неговиот сонародник го повика на помош против оној од непријателскиот народ, и Муса го удри со рака и го усмрти. „Ова е шејтанова работа!“ – извика. „Тој е навистина очигледен непријател кој доведува во заблуда!“
18. И Муса во градот осамна престрашен, очекувајќи што ќе биде, кога тој истиот од вчера повторно го повика на помош. „Ти си во јасна заблуда!“ – му рече Муса.
19. И кога се обиде да го зграпчи заедничкиот непријател, другиот му рече: „О, Муса, зарем ќе ме убиеш и мене како што вчера уби човек? Ти сакаш на Земјата сила да применуваш, а не сакаш да смируваш!“
23. А кога стигна до водата медјенска, околу неа затекна многу луѓе како го напојуваат добитокот, а малку подалеку од нив, здогледа две жени кои (добитокот) го одбиваа од водата. „Што правите?“ – запраша тој. „Ние не напојуваме сè додека овчарите не заминат!“ – одговорија тие – „а таткото ни е многу стар.“
25. И едната од нив потоа му дојде, одејќи срамежливо, и рече: „Татко ми те повикува да те награди, поради поењето!“ И кога тој дојде и му кажа што доживеал, тој рече: „Не стравувај, се спаси од народот насилнички!“
27. „Јас сакам да те оженам со едната од овие две мои ќерки,“ – рече тој – „но треба осум години да ми служиш; а ако наполниш десет, тоа ќе биде твоја добра волја, а јас не сакам да те присилувам на тоа; ти ќе видиш, ако даде Бог, дека сум добар.“
28. „Нека биде така меѓу мене и тебе!“ – рече Муса – „Кој, од тие два рока, и да го исполнам, нема што да ми се приговори, а Аллах е сведок за тоа што сме се договориле!“
29. И кога Муса го исполни договорениот рок и тргна со семејството свое, тој здогледа оган на едната страна од планината и му кажа на семејството свое: „Почекајте, јас навистина здогледав оган, можеби од него ќе ви донесам некаква вест, или разгорен оган, за да се згреете.“
30. А кога дојде до огнот, некој го викна од десната страна на долината, од стеблото, во благословениот крај: „О, Муса, Јас сум Аллах, Господарот на световите!“
32. Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, а без маана, и приближи ја раката покрај себе од страв! Ете, тоа се два знака[211] од Господарот твој, за фараонот и за главешините негови, тие се навистина народ грешен, непослушен!“
34. А мојот брат Харун, е поречит од мене, па испрати го и него со мене, како мој помошник, да ги потврди зборовите мои, затоа што се плашам да не ме наречат лажливец.“
35. „Ќе ти помогнеме со твојот брат,“ – рече Тој – „и на двајцата доказ ќе ви дадеме, па тие нема да се осмелат да ви пријдат, и со Нашите знаци, вие двајцата и тие што ќе ве следат, ќе станете победници.“
36. И кога Муса им ги донесе Нашите јасни докази, тие повикаа: „Ова е само смислена маѓија, не сме слушнале дека вакво нешто се случувало во времето на предците наши!“
37. „Господарот мој добро го знае тој што го носи упатството од Него,“ – рече Муса – „и тој што на крајот ќе победи, а насилниците навистина нема да успеат!“
38. „О, главешини,“ – рече фараонот – „јас не знам дека вие имате друг бог освен мене, а ти, о, Хаман, печи ми тули и соѕидај ми кула за да се качам кај Мусаовиот Бог, бидејќи јас мислам дека тој е лажливец!“
45. Ние многу народи создадовме и тие долго живееја, а ти не престојуваше меѓу жителите на Медјен за да им ги кажуваш зборовите Наши, туку Ние, за нив ти кажуваме вести.
46. Ти не беше кај Тур кога го повикавме, а Ние те испративме како милост од Господарот твој за да ги опоменуваш луѓето на кои, пред тебе, не им дошол никој кој би ги опоменал, за да се опаметат,
47. да не речат, кога ќе ги стигне казната поради тоа што го правеле: „Господару наш, зошто не си ни испратил Пратеници, па Твоите докази да ги следиме и верници да бидеме?“
48. А кога им доаѓа Вистината од нас, тие велат: „Зошто не му е дадено истото како што му е дадено на Муса?“ А зарем тие, уште одамна, не го негираа тоа што му е дадено на Муса?! Тие велат: „Две маѓии, едната ја поддржува другата.“ – и велат: „Ние ниту во една не веруваме!“
50. Па ако не ти се одѕвијат, тогаш знај дека тие единствено ги следат своите страсти, а не Аллаховото упатство! Аллах навистина нема да му укаже на Вистинскиот пат на народот што самиот себеси неправда си прави.
55. А кога ќе слушнат бесмислици, од нив се вртат и велат: „На нас нашите дела, а на вас вашите дела, мир со вас! Ние не го сакаме друштвото на незналците.“
56. Ти навистина не можеш да го упатиш на Вистинскиот пат тој што ти сакаш да го упатиш, Аллах му укажува на Вистинскиот пат на тој што Тој сака и Тој добро ги знае тие кои по Вистинскиот пат ќе тргнат.
57. Тие велат: „Ако со тебе го следиме Вистинскиот пат, од родниот крај брзо ќе бидеме избркани.“ Зарем не им го воспоставивме Светиот Храм безбеден, сигурно место каде што се слеваат разновидни плодови како снабдување од Нас, меѓутоа, повеќето од нив не знаат.
58. А колку села и градови Ние уништивме, чиишто жители во животот расипници беа! Ене ги домовите нивни, малкумина по нив ги населуваа, Ние ги наследивме.
59. А Господарот твој никогаш не ги уништуваше населбите додека во престолнината нивна Пратеник не испратеше, кој доказите Наши им ги кажуваше. И Ние населбите ги уништувавме само кога жителите нивни стануваа насилници.
61. Како може да биде еднаков тој кому убава награда му ветивме, и која ќе ја добие, со тој кому му дадовме да се насладува во животот на овој свет, а кој потоа на оној свет во Огнот ќе биде фрлен?
63. Тие, над кои зборот се оствари,[212] ќе речат: „Господару наш, овие кои во заблуда ги насочивме, ги насочивме само затоа што и самите во заблуда бевме; ние пред Тебе се откажуваме од нив, тие нас не нè обожуваа.“
64. „Повикајте ги божествата ваши!“ – ќе им се каже, па тие ќе ги повикаат, но тие нема да им се одѕвијат и страдање ќе доживеат и ќе зажалат што не биле на Вистинскиот пат.
72. Кажи: „Кажете ми вие мене, ако Аллах би дал денот да ви потрае вечно, до Судниот ден, кој бог освен Аллах, ноќ би ви дал, за во неа да одморите? Зарем не гледате?!“
75. Од секој народ ќе донесеме сведок и ќе кажеме: „Дајте го својот доказ!“ – и тие ќе дознаат дека Вистината Му припаѓа само на Аллах, а ќе им ги нема тие што ги измислуваа.
76. Карун од Мусаовиот народ беше, па ги измачуваше, а му дадовме толку богатства што клучевите од него тешко би можеле да ги носат и еден куп силни луѓе. „Не биди неблагодарен, затоа што Аллах не ги сака неблагодарните!“ – му говореа луѓето од народот негов –
77. „И настојувај со тоа што Аллах ти го дал, да го стекнеш оној свет, а не заборавај го ни својот дел на овој свет и прави им добро на другите, како што тебе Аллах добро ти направил, и настојувај да не правиш безредие на Земјата, затоа што Аллах не ги сака безредниците.“
78. „Ова што го имам го стекнав со своето знаење.“ – говореше тој. А зарем не знаеше дека Аллах пред него уништи некои народи кои беа посилни од него и кои насобраа повеќе, а злосторниците за своите гревови нема ни да бидат испрашувани.
79. И излезе тој пред народот свој, во својот сјај. „Ах, да ни е дадено и нам тоа што му е дадено на Карун!“ – говореа тие што копнееја по животот на овој свет – „Тој навистина има удел во овој свет!“
80. „Тешко вам,“ – говореа учените – „на тие што веруваат и што прават добри дела подобра им е Аллаховата награда, а само на трпеливите ќе им биде пружена.“
81. Ние, него и неговиот дворец в земја го втеравме, и никој од Аллаховата казна не можеше да го одбрани, а ни самиот на себеси не можеше да си помогне.
82. А тие што претходно посакуваа да се на негово место, почнаа да говорат: „Зарем не гледате дека Аллах му дава во изобилство на тој од робовите Свои на кого Тој сака, а и дека ускратува! Да не ни ја укажеше Аллах Својата милост и нас в земја ќе нè втераше. Зарем не гледате дека неверниците никогаш нема да успеат?!“
83. Тој друг свет ќе им го дадеме на тие што не сакаат на Земјата да се вообразени и да прават неред, а тие што се плашат од Аллах, ги чека среќен крај.
84. Тој што ќе направи добро дело, ќе добие подобра награда за него, а тој што ќе направи зло, па тие што прават зло, точно спрема заслугата ќе бидат казнети.
85. Тој што ти го остави Куранот како обврска, сигурно ќе те врати на местото на враќањето. Кажи: „Господарот мој добро знае кој е на Вистинскиот пат, а кој е во јасна заблуда.“
86. Ти не очекуваше дека ќе ти биде објавена Книга, но таа ти е објавена како милост од Господарот твој, затоа никогаш немој да им бидеш соучесник на неверниците.
87. И тие никако нека не те одвратат од Аллаховите зборови, кога ќе ти се објават, и повикувај кон Господарот твој и никако немој да бидеш од тие кои Му припишуваат здруженици!
88. И немој да се молиш, покрај Аллах, на друг бог! Нема друг бог освен Него! Сè, освен Неговото лице, ќе пропадне! Тој ќе суди и Нему ќе Му се вратите!