8. Некој, кога му се приближи, го повика: „Нека се благословени тие што се наоѓаат на местото на кое е огнот и тие околу него, и нека е славен Аллах, Господарот на световите!
10. Фрли го својот стап!“ Па кога го виде дека се движи како да е брза змија, тој се оддалечи и не се врати. „О, Муса, не плаши се! Пратениците кај Мене не треба од ништо да се плашат;
12. Стави ја раката своја во пазувите свои, ќе се појави бела, но нема да биде болна – ќе биде едно од деветте знаци за фараонот и за народот негов; тие се навистина народ грешен, непослушен.
16. И Сулејман го наследи Давуд и рече: „О, луѓе, дадено ни е да ги разбираме птичјите гласови и сешто ни е дадено; ова е навистина вистинска благодат!“
18. и кога стигнаа до долината на мравките, една мравка рече: „О, мравки, влегувајте во живеалиштата свои за да не ве прегази Сулејман и војските негови, а тоа и да не го забележат!“
19. И Тој се насмеа гласно на зборовите нејзини и рече: „Господару мој, вдахни ми да бидам благодарен на благодатта Твоја, која ми ја укажа мене и на родителите мои, и да правам добри дела за задоволството Твое, и внеси ме, со милоста Своја, меѓу добрите робови Свои!“
24. видов дека таа и народот нејзин на Сонцето му се клањаат, а не на Аллах. Шејтанот им ги прикажал убави постапките нивни и од Вистинскиот пат ги одвратил, па тие не знаат да го најдат Вистинскиот пат
25. за да Му се клањаат на Аллах, Кој го обелоденува тоа што е скриено на небесата и на Земјата и Кој го знае тоа што го криете и тоа што јавно го изнесувате.
36. И кога гласникот излезе пред Сулејман, овој му рече: „Зарем со богатство мене да ме придобиете? Тоа што Аллах мене ми го дал е подобро од тоа што вам ви дал. Вие му се радувате на тоа што ви се дава!
40. „А јас ќе го донесам“ – рече тој што го имаше знаењето од Книгата – „пред да трепнеш со окото“. И кога Сулејман виде дека престолот е веќе пред него поставен, извика: „Ова е благодат од Господарот мој, Кој ме искушува дали благодарен или неблагодарен ќе бидам. А кој е благодарен – во своја корист е благодарен, а кој е неблагодарен – па Господарот мој е Независен и Благороден.“
42. И кога таа дојде, ѝ беше кажано: „Дали е ваков престолот твој?“ „Како да е тој!“ – извика таа. „А нам пред неа ни беше дадено знаењето, и ние сме муслимани.“
44. „Влези во дворецот!“ ѝ беше кажано. Кога таа го погледна, помисли дека е длабока вода, па го крена фустанот, разоткривајќи ги своите нозе. „Овој дворец е поплочен со сјајно стакло!“ – рече тој. „Господару мој!“ – извика таа – „Јас си сторив насилство на себеси и во друштво на Сулејман, Му се предавам на Аллах, Господарот на световите!“
47. „Ние те сметаме тебе и тие што се со тебе за кобен предзнак!“ – рекоа тие. „Вашиот кобен предзнак е кај Аллах,“ – рече тој – „вие сте народ кој е ставен на искушение.“
49. „Заколнете се во Аллах,“ – рекоа – „дека во ноќта него и семејството негово ќе го убиеме, а тогаш на неговиот најблизок крвен сродник ќе му кажеме: ,Ние не присуствувавме на убиството на семејството негово, ние, навистина, вистината ја говориме.“
59. Кажи: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах и нека е мир над робовите Негови кои Тој ги одбрал!“ Кој е подобар: Аллах или тие кои Нему Му ги здружуваат.
60. Тој Кој небесата и Земјата ги создаде и Кој од небото ви спушта дожд со чија помош Ние даваме да позеленат градините прекрасни, невозможно е вие да направите да израснат дрвјата нивни. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, но тие се народ кој други со Него изедначуваат.
61. Тој Кој Земјата за живеалиште ја направи и низ неа реки спроведе и на неа стабилни планини постави и две мориња прегради. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Не постои, туку повеќето од нив не знаат.
62. Тој Кој на човекот кој е во неволја, кога ќе Му се обрати, му се одѕива, и Кој злото го отстранува и Кој на Земјата едни со други ве сменува. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Колку малку размислувате!
63. Тој Кој во темнините, на копното и на морето, патот ви го покажува и Кој ветровите како радосна вест пред милоста Своја ги испраќа. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Аллах е високо над тие кои Му ги здружуваат!
64. Тој Кој од ништо создава сè, Кој тоа повторно ќе го направи, и Кој снабдувањето од небо и од земјата ви го дава. Зарем покрај Аллах постои друг бог?! Кажи: „Докажете ако ја зборувате вистината!“
82. И кога ќе дојде времето тие да бидат казнети, Ние ќе направиме од земјата да излезе едно животно кое ќе им каже дека луѓето во доказите Наши не биле уверени.
87. А на Денот кога во рогот ќе се дувне, па смртно ќе се преплашат и тие на небесата и тие на Земјата, освен тие кои Аллах ќе ги поштеди, сите понизно ќе Ми дојдат.
88. Ти ги гледаш планините и мислиш дека се неподвижни, а тие се движат[210] како што се движат облаците, тоа е дело на Аллах, Кој сè совршено создал; Тој навистина го знае тоа што го правите.
91. Јас примив заповед да Го обожувам само Господарот на овој град кој Тој го направи свет – а сè Му припаѓа Нему – и наредено ми е да Му бидам послушен
92. и Куранот да го кажувам; Тој што ќе оди по Вистинскиот пат на Вистинскиот пат е за свое добро, а на тој што е во заблуда, ти кажи му: „Јас само опоменувам.“
93. И кажи: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах, Тој знаците Свои ќе ви ги покаже, па вие ќе ги познаете!“ А Господарот твој не e немарен кон тоа што го правите.