1. Возвишен нека е Тој што во еден дел од ноќта го пренесе Својот роб од Месџиди Харам[159] во Месџиди Акса[160], чија околина ја благословивме, за да му покажеме некои од Нашите знаци. Тој сè слуша и сè гледа.
5. Кога ќе дојде времето на првиот од двата нереда, ќе ги испратиме против вас робовите Наши, силно моќни, тие домовите ваши ќе ги прегазат, и ветувањето за казната ќе го исполнат.[161]
7. Па ако правите добро, за себе го правите, а ако правите зло, против себе го правите! А кога ќе дојде времето на другиот неред, на лицата ваши тага и јад да остави и во Храмот[162] да влезат како што во него влегле и првиот пат, и до темел да срушат сè со што ќе завладеат.
12. И Ние ноќта и денот како два знака ги направивме: знакот за ноќта го тргнавме, а знакот за денот видлив го направивме за да можете да ги барате благодатите од Господарот свој и за да го знаете бројот на годините и за да го пресметувате времето, и сè детално објаснивме.
15. Тој што оди по Вистинскиот пат, од тоа само тој ќе има корист, а тој што талка – на своја штета талка, и ниту еден грешник туѓите гревови нема да ги носи! А Ние ниту еден народ не сме казниле, додека Пратеник не сме им испратиле!
16. Кога сакаме да уништиме некој народ, на тие кои во него се навикнале на раскош им наредуваме покорност, и тие на развратот му се оддаваат и така ја заслужуваат казната, па тогаш до темел го рушиме!
18. На тој што го сака овој свет, Ние бргу му даваме што сакаме и на кого сакаме, но потоа Џехенемот ќе му го подготвиме, каде засрамен и отфрлен ќе се пече.
23. Господарот твој заповеда само Него да Го обожувате и на родителите добро да им правите. Кога еден од нив двајца, или двајцата, ќе доживеат старост кај тебе, не вели им ни: „Уф!“ – и не кревај го гласот свој кон нив, туку обраќај им се со зборови полни со почит!
33. И не убивајте некого, чие убивање Аллах го забранил, освен кога правдата тоа го изискува! А ако некој, ни крив ни должен е убиен, тогаш на неговиот наследник му даваме власт, но ни тој нека не ја пречекорува границата во убивањето, бидејќи тој, навистина, е помогнат.
34. И не доближувајте му се на имотот на сирачето, освен ако сакате да го зголемите, сè додека не стане полнолетно. И исполнете ја обврската, затоа што за обврската навистина ќе се одговара.
39. Тоа е мудроста која Господарот твој ти ја објавува. И не здружувај Му на Аллах друг бог, за да не бидеш фрлен во Џехенемот, прекорен и од милоста Негова оддалечен.
44. Него Го слават седумте небеса и Земјата, и тие на нив; и не постои ништо што не Го слави, фалејќи Го; но вие не го разбирате славењето нивно. Тој е навистина Благ и многу простува.
46. а на срцата нивни прекривки за да не го разберат, и глуви ги правиме. И кога ти ќе го спомнеш Господарот свој во Куранот, Него Единиот, ги вртат грбовите од одбивноста кон него.
47. Ние најдобро знаеме што сакаат тие да чујат кога доаѓаат да те прислушкуваат, и за што шепотат кога насилниците велат: „Вие следите само опседнат човек!“
51. или какво било суштество за кое мислите дека не може да биде оживеано.“ „А кој ќе нè врати во живот?“ – ќе запрашаат тие, а ти кажи: „Тој што и првиот пат ве создаде.“ – а тие пред тебе ќе мавтаат со главите (негирајќи) и ќе запрашаат: „Кога тоа?“ – Ти кажи: „Можеби набрзо.“
53. Кажи им на робовите Мои да зборуваат само убави зборови, бидејќи шејтанот би можел да посее непријателство помеѓу нив, шејтанот е навистина човеков отворен непријател.
55. Господарот твој најдобро ги познава тие на небесата и тие на Земјата; Ние едните веровесници над другите ги одликувавме, а на Давуд, Зебурот му го дадовме.
57. Тие на коишто овие им се молат, самите бараат начин како што повеќе да Му се приближат на својот Господар, и се надеваат на милоста Негова и се плашат од казната Негова. А од казната на Господарот твој секој треба да се чува.
59. А да не праќаме чуда, нè задржува само тоа што ни древните народи во нив не поверуваа; на Семуд како видливо чудо камила му дадовме, но тие во неа не поверуваа. А чудата ги праќаме само за да заплашиме.
60. И кога ти рековме: „Сите луѓе Господарот твој ги опфаќа[163], а сонот што ти го покажавме и проколнатото дрво[164], во Куранот спомнато, искушение се за луѓето“, Ние ги заплашуваме, но ним само им се зголемува и онака големата осиленост.
61. И кога им рековме на мелеците: „Поклонете му се на Адем!“ – тие сите се поклонија, освен Иблис. „Зарем да му се поклонам на тој што Ти го создаде од глина?“ – рече.
62. „Кажи ми,“ – рече потоа – „еве ти го овој што над мене го воздигна: ако ме оставиш до Крајот на светот, сигурно над потомството негово ќе завладеам, освен над малкумина.
64. И заведувај со гласот свој кого можеш и тргни кон нив со својата коњаница и со својата пешадија, и биди им партнер во имотот, и во децата,[165] и давај им ветувања, – а шејтанот само ги мами –
67. Кога ќе ве снајде неволја на море, тогаш ги нема тие на кои вообичаено им се молите, постои само Тој. А кога Тој на копното ќе ве спаси, вие се свртувате (од Него); човекот секогаш е неблагодарен!
69. Или, зарем сте сигурни дека Тој нема по вторпат на море да ве изнесе, и бура на вас да испрати и да ве потопи поради тоа што сте биле неблагодарни? Тогаш не би нашле никого кој поради вас би нè повикал Нас на одговорност.
70. Ние навистина ги одликувавме синовите на Адем: им дадовме по копно и по море да патуваат, и ги снабдивме со вкусни јадења, и им дадовме големи предности над мноштвото кои сме ги создале.
71. А на Денот кога ќе ги повикаме сите луѓе со предводникот нивен, тие на кои ќе им се даде книгата нивна во десната рака, ќе ги читаат книгите свои и нема да им биде направена ниту тронка неправда;
75. и тогаш навистина ќе ти дадевме да искусиш двојна мака во животот и двојно страдање по смртта; тогаш не би нашол никого кој против Нас би ти помогнал.
78. Извршувај го намазот (молитвата) кога Сонцето од половина небо ќе тргне, па до ноќната темнина, и намазот в мугри, бидејќи на намазот в мугри многумина[167] присуствуваат.
93. или ако имаш куќа од злато или додека на небото не се искачиш, а нема ни да ти веруваме дека си се искачил сè додека не ни ја донесеш Книгата да ја читаме.“ Кажи: „Возвишен нека е Господарот мој! Зарем јас не сум само човек, Пратеник?“
97. А кого Аллах ќе го упати – тој е навистина упатен, а тој што ќе го заблуди – на нив, освен Него, нема да им најдеш заштитници. Ние на Судниот ден ќе ги собереме со лицата кон земјата свртени, слепи, неми и глуви; живеалиштето нивно ќе биде Џехенемот; кога ќе им се намали пламенот, ќе им го зголемиме огнот.
99. Зарем тие не знаат дека Аллах, Создателот на небесата и на Земјата, е способен да создаде слични на нив и дека веќе им го одредил Часот на оживувањето, во кој нема сомнеж? Но насилниците само негираат.
100. Кажи: „Кога вие би ги поседувале ризниците од милоста на Господарот мој, и тогаш би биле скржави од страв да не потрошите; човекот секогаш е скржав.“
101. Ние на Муса девет јасни знаци му дадовме, па запрашај ги синовите Израилови кога тој на предците нивни им дојде и кога фараонот му рече: „Јас мислам, о, Муса, дека ти си навистина маѓепсан.“
102. А Муса одговори: „Ти добро знаеш дека ова не го дал никој друг туку Господарот на небесата и на Земјата, како јасни знаци, и јас мислам дека ти, о, фараону, сигурно ќе настрадаш.“
107. Кажи: „Било да верувате во него или да не верувате, на тие на кои пред неговото објавување им е дадено знаење, паѓаат со лицата на тлото, извршувајќи сеџда, кога тој им се чита,
110. Кажи: „Повикувајте: ,Аллаху!‘, или повикувајте: ,Семилосен!‘, а како и да Го повикувате, Неговите имиња се најубави.“ Не изговарај го Куранот со сиот глас кога го извршуваш намазот (молитвата), а и не пригушувај го; барај ја средината во тоа.
111. И кажи: „Сета благодарност Му припаѓа на Аллах Кој нема дете и Кој во власта нема ортак, и на Кој не му треба заштитник поради немоќ – и величај Го со сета величественост!