2. Небесата кои вие ги гледате Аллах без столбови ги крена, и тогаш над Аршот се возвиши, и Сонцето и Месечината ги потчини, секој се движи до рокот одреден; Тој управува со сè и детално ги изнесува доказите, за да се уверите дека пред Господарот свој ќе застанете.
3. Тој Земјата пространа ја стори и на неа неподвижни планини и реки создаде и од секој плод по пар, машко и женско даде; тој денот го покрива со ноќ. Тоа се навистина докази за луѓето кои размислуваат.
4. На Земјата има предели кои едни со други граничат и градини има со лоза засадени, и ниви, и палми со повеќе изданоци и само со еден; иако ја впиваат истата вода, плодот на едните го правиме повкусен од другите. Тоа се навистина докази за луѓето кои имаат памет.
5. А ако се чудиш, а чудо се зборовите нивни: „Зарем навистина кога земја ќе станеме, повторно ќе бидеме создадени?“ Тие во Господарот свој не веруваат, на нивните вратови синџири ќе имаат и тие жители на Џехенемот ќе бидат, во него вечно ќе останат.
6. Тие од тебе го избрзуваат злото пред доброто, а имаше казни и пред нив. Господарот твој на луѓето им простува и покрај нивната неправда, но Господарот твој, навистина, и стравично казнува!
7. А тие што не веруваат велат: „Зошто Господарот негов не му испрати чудо?“ Твое е да опоменуваш, а секој народ го имал тој што на Вистинскиот пат го упатувал.
11. Со секој од вас се мелеците, пред него и зад него, по Аллаховата наредба над него бдеат. Аллах нема да измени еден народ додека тој самиот не се измени. А кога Аллах сака еден народ да казни, никој не може тоа да го спречи, освен Него му нема заштитник.
13. И грмежите Го величаат и Му заблагодаруваат, а и мелеците, од стравопочит кон Него; Тој ги испраќа громовите и со нив удира кого сака; тие повторно расправаат за Аллах, а Тој може сè.
14. Молитвите се само за Него. А тие на кои покрај Него им се молат, нема да им се одѕвијат, како што ни водата нема да стигне во устата на тој што кон неа само дланките своите ги пружа; молитвата на неверниците е изгубена работа.
16. Кажи: „Кој е Господар на небесата и Земјата?“ – и одговори: „Аллах!“ Кажи: „Па зошто тогаш наместо Него како заштитници сте ги прифатиле тие што не можат самите себеси никаква корист да си направат ниту од себе некаква штета да отстранат?“ Кажи: „Зарем се еднакви слепецот и тој што гледа, или, зарем се исти темнините и светлото, или зарем тие што Му ги здружуваат на Аллах создаваат како што Тој создава, па создавањето им се чини слично?“ Кажи: „Аллах е Создателот на сè и Тој е Единиот и Семоќниот.“
17. Тој го спушта дождот од небото, па реките течат низ коритата со мерка и водата ги носи отпадоците кои пливаат по површината. И тоа што луѓето го топат на оган со желба да добијат накит или орудије исто така има отпадоци, слични на тие. Така Аллах го наведува примерот за вистината и невистината: отпадоците се исфрлаат, додека тоа што им користи на луѓето останува на земјата. Ете така Аллах ги објаснува примерите.
18. На тие кои на својот Господар ќе Му се одѕвијат им припаѓа најубава награда; а на тие кои нема да Му се одѕвијат – кога сè што е на Земјата би било нивно, и уште толку, со задоволство со тоа би се откупиле. Нив ги чека мачно полагање на сметката, престојувалиштето нивно ќе биде Џехенемот, а тој е грозна постела.
22. И тие што трпат копнеејќи за Лицето на Господарот свој, и тие што намазот (молитвата) го извршуваат, и од тоа што им го даваме и тајно и јавно даваат, и кои на злото со добро враќаат – нив ги чека најдоброто престојувалиште.
23. Еденски градини во кои ќе влезат и тие и родителите нивни и жените нивни и потомците нивни – тие што биле честити – мелеци ќе им влегуваат на секоја врата.
25. А тие што не ги исполнуваат должностите кон Аллах, иако за тоа цврсто се обврзале, и го кршат тоа што Аллах наредил да се одржува, и прават неред на Земјата – нив ги чека проклетството и најлошото живеалиште.
26. Кого сака, Аллах го снабдува во изобилство, и му ускратува. Тие му се радуваат на животот на овој свет, а животот на овој свет спoред оној свет е само минливо уживање.
27. Неверниците велат: „Зошто од Господарот негов не му е испратено чудо?“ Кажи: „Аллах заблудува кого Тој сака, а кон Себе го упатува тој што покајнички Му се обраќа.“
30. И така те испративме на народот пред кого биле и исчезнале други народи, да им го кажуваш тоа што ти го објавуваме, бидејќи тие не веруваат во Семилосниот. Кажи: „Тој е Господарот мој, нема друг бог освен Него, на Него се потпирам и на Него Му се обраќам.
31. Кога би имало некаков Куран со кој планините би се покренале или земјата би се расцепкала или мртвите би се довикале; на Аллах Му припаѓа сè! А зарем немаат надеж и не знаат верниците дека Аллах, кога само би сакал, сите луѓе на Вистинскиот пат би ги упатил? А неверниците непрекинато несреќата ќе ги снаоѓа или пак во близина на нивните места ќе доаѓа, поради тоа што го прават – сè додека не се исполни Аллаховото ветување. Аллах сигурно ќе го исполни ветувањето.
33. Па зарем Тој што бдее над секого, што и да направи, е како тој што не е во состојба тоа да го направи? А на Аллах Му припишаа здруженици. Кажи: „Именувајте ги.“ Зарем вие сакате Него да Го учите, како Тој да не знае што има на Земјата, или вие само така ги нарекувате? На тие што не веруваат им изгледа убаво интригата нивна, и тие заталкале од Вистинскиот пат. А тој што Аллах ќе го заблуди, нема да има кој да го упати.
35. Ваков Џенет им е ветен на тие што ќе се плашат од Аллах: градини со реки, со плодови кои секогаш ќе ги има и со трајна сенка; тоа ќе им биде награда на тие што ќе се чуваат од гревот, а на неверниците огнот ќе им биде казна.
36. Некои од тие на кои им ја дадовме Книгата се радуваат на сè што ти објавуваме тебе, но некои противници не признаваат нешто од Објавата. Кажи: „Мене ми е наредено само Аллах да Го обожувам и да не Му припишувам здруженик; кон Него повикувам и Нему Му се враќам.“
37. И Ние така како мудрост го објавуваме (Куранот) на арапски јазик. А кога би им се покорувал на нивните желби откако ти дошло сознанието, ти не би имал ни заштитник ни бранител од Аллах.
38. И пред тебе сме испраќале Пратеници и жени и потомци сме им давале. И ниту еден Пратеник не донел никакво чудо од себе, туку со Аллахова волја. Секој период имал Книга.
40. Било да ти покажеме дел од тоа со што им се закануваме, било животот да ти го одземеме, твое е да објавуваш, а Наше е да бараме полагање на сметката.
41. Зарем тие не гледаат дека Ние Земјата им ја стеснуваме, намалувајќи им ги пограничните области? А Аллах суди! Никој не може Неговата пресуда да ја побие и Тој брзо ги израмнува сметките.
42. Интриги правеле и тие пред нив, само Аллах е Господар на сите интриги: Тој знае што заслужува секој. А неверниците сигурно ќе дознаат кого го чека најдоброто живеалиште.